Мајами подготвува спектакуларна понуда за Лука Дончиќ

Славната НБА-франшиза Мајами хит подготвува сензационален план за доведување на словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ.

Иако Дончиќ е среќен во Далас и е подготвен да потпише нов договор, Мајами би можело да му испрати спектакуларна понуда. Според „Мајами Хералд“, клубот веќе направил стратегија за финансиската состојба во наредниот период и успеал да го „вклучи“ потенцијалното пристигнување на словенечката ѕвезда.

Мајами хит во моментов се наоѓа на голема раскрсница со својот лидер, Џими Батлер. Тој наводно ја изгубил страста за играње во тимот и сака нов почеток, а неодамна доби и трета суспензија. Клубот веќе размислува за негово заминување, а потенцијално би добиле висока драфт селекција во замена за него.

Во Мајами имаат јасен план – до 2026 година да ослободат повеќе од 80 милиони долари во платниот фонд и да привлечат големо олстар-засилување. Главна цел е токму Лука Дончиќ.

Мајами хит очекува дека до 2026 година ќе има доволен простор во својот „селери пак“ за да му понуди атрактивен договор. Освен финансиската страна, клубот смета дека привлечното живеење во Мајами и спортскиот амбиент ќе бидат фактори што би можеле да го убедат Дончиќ.

Сепак, откако Словенецот го одведе Далас во финалето на НБА, се очекува дека Маверикс ќе му понудат нов огромен договор. Во таков случај Мајами би морало да бара други начини за да го доведе во своите редови.

Останува да се види дали Дончиќ ќе му остане верен на Далас или ќе одлучи за нов предизвик, можеби на Флорида, во 2026 година.

- Оглас -

Најнови вести