Во летото 2023 година, легендарниот англиски фудбалер Стивен Џерард реши да го прифати предизвикот да замине во Саудиска Арабија. Џерард се согласи да работи како тренер во екипата на Ал-Етифак. Откако дојде во клубот, Џерард се жалеше дека нема доволно квалитетни играчи за да ги реализира своите замисли, а клубот беше далеку од екипите кои се борат за трофеите.
Во последно време преовладуваа лошите резултати во Ал-Етифак, па Џерард реши да си замине и ја понудил својата оставка во клубот. Како што пренесува саудискиот медиум Al-Youm, Џерард објаснил дека сака да си замине поради лош перформанс.
Засега нема потврда дали оставката на Џерард е прифатена, но се очекува дека Џерард наскоро ќе добие „зелено светло“ да си замине. Ал-Етифак моментално е на 12-тото место на табелата во домашното првенство.
Џерард е втора голема ѕвезда која само за неколку дена си заминува од Саудиска Арабија. Претходно отказ од Ал-Хилал доби Нејмар, а сега самиот Џерард сака да си оди.