Поранешниот германски репрезентативец Џулијан Дракслер последните две сезони настапува за екипата на Ал-Ахли од Дубаи, во првенството на Катар. Триесет и едногодишниот фудбалер на мечот против Ал-Кор постигна фантастичен гол со ножички во 87-мата минута за победа на својата екипа. Гол што навистина вреди да се погледне неколкупати.