Дефанзивецот од Сенегал, Фаусин Сенгор, е најновото засилување на Вардар. Триесет и едногодишниот фудбалер веќе го потпиша договорот со „црвено-црните“ и се приклучи на остатокот од екипата на подготовките во Анталија.
Трансферот на Сенгор во Вардар се најавуваше подолг период, но сега и официјално е реализиран, па дефанзивецот по пауза од две и пол години повторно се враќа во Македонија. Сенгор една и пол година настапуваше за Шкупи, пред да биде продаден на турскиот Гиресунспор за 250.000 евра, што воедно е неговиот последен клуб.
Претходно во својата кариера настапуваше и за сенегалскиот Каса спорт, како и за босански Челик од Зеница.