Манчестер сити со пресврт во второто полувреме против Бриж се спаси од срам и елиминација и продолжува во разигрувањето на Лигата на шампионите. Граѓаните имаа негатива по првите 45 минути, но со три гола во вториот дел направија комплетен пресврт и победија со 3-1.
Динамо Загреб забележа голема победа од 2-1 над Милан на домашен терен, но на крајот се покажа дека победата е само Пирова, со оглед на тоа дека Модрите остануваат најдобри по цртата, односно на 25-тата позиција на табелата во Лигата на шампионите и се елиминирани. Кобно за Динамо беше ремито на Спортинг и Болоња, 1-1, па екипата од Лисабон продолжува понатаму, со ист број бодови како загрепчани, но со подобра гол-разлика. На крајот се покажа дека историскиот пораз од Баерн Минхен во првото коло, 9-2, беше решавачки за елиминацијата на Динамо.
Ливерпул со пораз од 3-2 на гостувањето кај ПСВ ја заврши групната фаза на првата позиција, но најмногу благодарение на ремито на Барселона на домашен терен против Аталанта, 2-2. Во првата осумка која се вклучува директно во осминафиналето завршија уште и Арсенал, Интер, Атлетико Мадрид, Баер Леверкузен, Лил и Астон вила.
Два натпревари плус ќе имаат за играње гиганти како Реал Мадрид, Манчестер сити, Баерн Минхен, Борусија Дортмунд, Милан, ПСЖ и Јувентус.