Ќе има спектакл: Манчестер сити против Реал Мадрид или Баерн Минхен во 1/16-финалето од ЛШ

Групната фаза од Лигата на шампионите заврши, па сега на ред е разигрувањето, односно 1/16-финалето во кое ќе играат екипите кои завршија од деветтото до 24-тото место.

Компјутерската ждрепка ќе се изврши во петок, но веќе се знае кој против кого може да игра, а вистински спектакл ќе има уште во првата рунда од разигрувањето. Манчестер сити како можни ривали ги има Реал Мадрид и Баерн Минхен и додека едниот од нив ќе се „поти“ против Граѓаните, другиот ќе игра против Селтик.

Интересно ќе биде и доколку се случи да има италијански дуел на Милан и Јувентус, а она што дефинитивно се знае е дека ПСЖ ќе игра против француски противник.

Ова се можните двојки за 1/16-финалето од Лигата на шампионите:

Аталанта или Борусија Дортмунд – Бриж или Спортинг Лисабон
Реал Мадрид или Баерн Минхен – Манчестер сити или Селтик
Милан или ПСВ – Феенорд или Јувентус
ПСЖ или Бенфика – Монако или Брест

- Оглас -

Најнови вести