Од 24-те тимови кои ќе продолжат во фудбалската Лига на шампиони, нема ниту еден од источниот дел на Европа.
Клубовите од истокот на Стариот континент ни со новиот формат не беа доволно конкурентни и го напуштија елитното натпреварување по лигашката фаза.
Мапата со градовите кои останаа со клубови во ЛШ, покажува дека најисточен град кој има тим меѓу 24-те најдобри е Минхен, градот во кој во мај ќе се игра и финалето.
По четири тима ќе имаат Англија, Италија и Франција, по три имаат Шпанија и Германија, по два Португалија и Холандија, а со по еден претставник останаа Шкотска и Белгија.