Со емотивно видео и гласовна порака преку социјалните мрежи, бразилската фудбалска ѕвезда Нејмар официјално потврди дека се враќа во Сантош, саканиот клуб од кој си замина пред 12 години.
Црно-белите од Сао Пауло подготвуваат специјална забава по повод претставувањето на своето големо засилување. Договорот ќе му биде до 30-ти јуни.
Идејата на Неј е да ја врати физичката и техничката форма откако не играше речиси година и половина, да ја врати својата магија од минатото и да се обиде да се врати во Европа на лето. Сантош ќе му обезбеди минути и безусловна љубов од навивачите, совршено тло за повторно да ги разбуди неговите инстинкти.
„Се чувствувам како да се враќам во времето. Моето семејство и пријателите веќе ја знаат мојата одлука. Ќе потпишам договор со Сантош. Поминаа 12 години откако го напуштив клубот, а изгледа како да беше вчера. Моето чувство за клубот и навивачите никогаш не се промени. Само Сантош може да ми ја пружи потребната љубов и да ме подготви за предизвиците со кои ќе се соочувам во наредните години. Играњето фудбал е она што најмногу го сакам во животот“, рече Нејмар кој одлуката за враќање во Сантош ја донел заедно со неговиот татко и неговото семејство.
🤍🖤 🇧🇷 pic.twitter.com/iuZZ2ggE1J
— Neymar Jr (@neymarjr) January 30, 2025