Нено и Милано го урнаа европскиот првак

Емпорио Армани во Милано го победи актуелниот европски првак Панатинаикос со 87-75 во дуел од кошаркарската Евролига на кој македонскиот плејмејкер Ненад Димитријевиќ одигра 11 минути во кои постигна четири поени, сите од линијата за слободни фрлања.

Нено имаше и две асистенции. Зек Лидеј со 33 поени беше лидер на Манекените. Милано сега е на 13-11 после 24 меча.

Победа извојува и Париз баскет против Асвел во францускиот дуел. Парижаните триумфираа со 91-82, а натурализираниот Македонец Ти Џеј Шортс имаше 13 поени, три скока и 6 асистенции за 24 ипол минути на паркетот. За Париз ова е 14-та победа сезонава на 23 средби.

- Оглас -

Најнови вести