По завршувањето на лигашката фаза од Лига Европа, може да се заклучи дека во осумте кола само еден тим не загуби ниту еден натпревар и тоа е англискиот гигант Манчестер јунајтед кој имаше пет победи и три ремија.
Ждрепката за плејофот може да донесе неколку интересни парови. Така на пример Рома може да се падне со Порто, а победникот да игра осминафинале со Лацио, па теоретски можно е римско дерби во осминафиналната фаза.
Интересно осминафнале може да биде ако Галатасарај го мине плејофот, потоа му следува битка со Тотенхем или Манчестер јунајтед.