Младиот фудбалер на Манчестер сити, Џејмс Мекати, предизвика внимание во британската јавност по завршувањето на дуелот од Лигата на шампионите против Бриж. Манчестер сити победи со 3:1 и избори место во нокаут-фазата во Лигата на шампионите.
Мекати воопшто не влезе во игра, но кога си заминуваше од стадионот, неочекувано се најде во фокусот, и тоа кога еден млад навивач го побара неговиот дрес. Фудбалерот е снимен како со своето возило си заминува од „Етихад“, кога едно момче му дофрлува дека сака да го добие неговиот дрес. Мекати го повика редарот за да му го даде дресот и да му го подари на детето, но во еден момент се премисли.
„О, не, па тој има обележја на Шефилд вензди. Го мразам тој клуб“, се слуша како коменитра Мекати, што преизвика разочарување кај детето и неговата мајка.
Some boy is @jamesmcatee_ ⚔️ @oli_mcburnie 😂😂 sound up pic.twitter.com/FbWO6pD61L
— Tom (@bladesman5) January 30, 2025
Мекати играше за Шефилд јунајтед, кој е голем ривал на Шефилд вензди. Детето кое го побара дресот на играчот на Манчестер сити носел капа со обележје токму на Шефилд вензди.
Овој потег на играчот кој постигна пет гола во 14 меча за Манчестер сити сезонава наиде на одобрување кај фановите на Шефилд јунајтед.