Обрадовиќ има неочекуван проблем пред вечното дерби: Од пола Европа ми се јавуваат и ми бараат билети

Во кошаркарска Европа денеска во фокусот ќе биде дуелот кој ќе се игра во белградската „Арена“, а на мегдан ќе излезат вечните ривали Партизан и Црвена ѕвезда. Двата тима се во борба за местата коишто водат во плејофот. Ѕвезда е со биланс од 13 победи и 10 порази, а Партизан има една победа помалку, но Црно-белите вечерва имаат голем адут, а тоа ќе бидат навивачите затоа што се во улога на фаворити.

Тренерот на Партизан, Жељко Обрадовиќ, откри дека интересот за вечерашниот меч бил неверојатен и дека од многу земји од Европа му барале билети.

„Добро е тоа што ќе има фанови и на Црвена ѕвезда. Мојот помошник Искердо деновиве постојано коментира: „Што навистина се случува?“ Се чуди за тоа колку луѓе се јавуваат за билети. Еве да кажам мене во изминатите денови пола Европа ми бара билети. Ми се јавуваат од Италија, Шпанија, Грција, Франција, Германија, Турција…но билети нема, па нема. За жал на сите, тоа морав да им го кажам“, рече најтрофејниот тренер во Евролигата, Обрадовиќ.

- Оглас -

Најнови вести