Вардар со 12 трансфери го заврши зимскиот преоден рок

Најтрофејниот фудбалски клуб во Македонија, Вардар, беше најактивен во зимскиот преоден рок. Дури 12 нови фудбалери дојдоа во Црвено-црното семејство и тие треба да бидат играчите кои ќе внесат свежина за вториот дел од сезоната во домашното првенство.

Нови играчи на Вардар станаа: Давор Талески, Мичал Пинтер (Словачка)
Георгије Јанкулов, Михаил Маневски, Едиз Спахиу, Мите Цикарски,
Димитар Тодоровски, Михаил Талевски, Мислав Матиќ (Хрватска), Фаустин Сенгхор (Сенегал), Мато Касим Рогерс (Уганда) и Мануел Куестас (Аргентина).

Главна цел на Вардар во вториот дел од сезоната ќе биде борба за освојување на трофејот во Купот, но, секако, и подобрување на позицијата во домашното првенство, каде што моментално е во опасната зона за испаѓање.

Тимот моментално е во Анталија, каде што ја одработува главната фаза од зимските подготовки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести