Зидан го „издрибла“ Јуве, друг Французин е во пол-позиција да го замени Алегри

Додека Максимилијано Алегри крои планови за вечер како да го совлада Атлетико Мадрид и да се пласира со Јувентус во следната фаза од Лигата на шампионите, медиумите во Италија веќе го најдоа неговиот наследник на клупата на „старата дама“. Требаше да биде Зинедин Зидан, но тој се врати да го спасува Реал Мадрид, додека како кандидат за нов тренер на Јувентус се појави името на Дидие Дешамп.

Селекторот на Франција сега е фаворит за преземање на кормилото од Алегри, кој се очекува да замине од Торино по крајот на оваа сезона. Дешамп беше тренер на Јувентус пред повеќе од 10 години, кога ја врати „старата дама“ во Серија А откако беа казнети со елиминација во втората по квалитет италијанска лига по скандалот со местење натпревари.

Дешамп беше член на Јувентус и како фудбалер, во периодот од 1994 до 1999 година, во два наврати стигна до трофејот во Лигата на шампионите. Успехот со „триколорите“ на последниот Мундијал е како гаранција дека Дешамп може да го одведе Јувентус до посакуваната титулата во ЛШ, нешто во што Алегри потфрли во два обиди – пораз од Барселона во финалето во 2015 година (1-3), пораз од Реал Мадрид во финалето во 2017 година (1-4).

Сепак, раковдството на италијанскиот првак има и „план Б“ во случај Дешамп да ги одбие, ќе се насочат кон Антонио Конте, кој по отказот во Челзи минатото лето, сé уште нема најдено нов ангажман.

- Оглас -

Најнови вести