Нова мегапонуда од Саудиска Арабија: Ал-Хилал тргнува по потписот на ѕвездата на Реал

Изминатиот период многу се зборуваше за понудата на Ал-Ахли за Винисиус, но и други фудбалери на Реал Мадрид се интересни за клубовите од Саудиска Арабија. Актуелниот шампион Ал-Хилал неодамна се раздели со Нејмар, а неговата замена ја гледаат во бразилскиот сонародник од Реал Мадрид, Родриго. Дваесет и четиригодишниот фудбалер игра одлична сезона, па неговата вредност се проценува на 100 милиони евра.

Сепак, понудата на Ал-Хилал изнесува 300 милиони евра за да го откупат неговиот договор од Кралевите, но и неверојатни 170 милиони евра годишна плата за фудбалерот. Веќе се појавија информации дека Флорентино Перес размислува да ја прифати понудата за Винисиус, која исто како и за Родриго изнесуваше 300 милиони евра, па нема да биде изненадување доколку и двајцата си заминат во Саудиска Арабија, а Реал Мадрид да добие неверојатни 600 милиони евра за трансфери и купување нови фудбалери.

- Оглас -

Најнови вести