Новинар на Реал Мадрид ТВ: Креативни се во обидот да го елиминираат Реал, злобата на Чеферин е колку Гренланд

Реал Мадрид и Манчестер сити четврта сезона по ред и петта во последните шест сезони ќе играат меѓусебе во нокаут фаза на Лигата на шампионите, а овојпат многу рано, уште во плејофот за влез во осминафинале.

Лошите игри на двата тима во лигашката фаза и киксевите кои ги имаа, придонесоа да ја добијат казната и за еден од нив да нема место ни во осминафиналето, иако станува збор за два од шесте најголеми фаворити за освојување на европската титула.

Новинарот Давид Алварез кој работи за клупската телевизија на Реал Мадрид предизвика контроверзии со свој коментар за ждрепката. Тој упати сериозни обвинувања кон УЕФА.

„УЕФА секоја година измислува начини во обидите да го елиминира Реал Мадрид. Шесте титули за 10 години направија злобата на Чеферин да достигне големина на Гренланд. Мора да им се оддаде признание што се покреативни оваа година. Но… ќе видиме. Одиме да ги победиме!“, напиша новинарот на социјалните мрежи.

- Оглас -

Најнови вести