Манчестер сити сака да го купи Нико Гонзалес

Манчестер сити започна преговори со Порто за ангажман на играчот од средниот ред, Нико Гонзалес. Змејовите од Португалија сакаат да го задржат фудбалерот, додека Граѓаните се надеваат дека ќе успеат да го доведат до понеделник.

23-годишниот играч има ослободителна клаузула од 60 милиони евра, од кои 40% треба да припаднат на Барселона како дел од претходниот договор.

Гонзалес оваа сезона одигра 29 натпревари за Порто, постигнувајќи седум гола. Тој пристигна во португалскиот клуб летото 2023 година од Барселона, а претходно беше позајмен и во Валенсија.

- Оглас -

Најнови вести