Ракометната репрезентација на Данска обезбеди пласман во ново мундијалско финале откако ја декласира Португалија со 40-27. В недела во Осло, Данците ќе играат против Хрватска и ќе имаат шанса четврти пат по ред да го освојат најпосакуваниот трофеј.

Селекцијата на Николај Јакобсен беше доминантна, на полувремето водеше со 20-16, а во вториот дел зголеми и на двоцифрена разлика.
Гидсел беше најдобар стрелец со девет гола, а Шмит постигна осум погодоци за селекцијата на Данска.