Пјероти донесе важен триумф за Лече на гости кај Парма

Лече стигна до шестата победа во Серија А оваа сезона откако ја совлада Парма на гости со 1-3. Сантијаго Пјероти беше двоен стрелец за гостите и се претвори во херој за освојување на трите бода.

Емануеле Валери од пенал донесе водство за Парма во 34-та минута, но Никола Крстовиќ израмни само две минути подоцна.

Во вториот дел блесна Сантијаго Пјероти кој се погрижи за пресврт во 63-та минута, а во судиското продолжение го потврди триумфот со уште еден погодок.

- Оглас -

Најнови вести