По голема драма, Леганес загуби дома од Рајо, а во последните секунди не искористи пенал

Рајо Ваљекано ја оствари осмата победа во Ла Лига оваа сезона, откако во неверојатно драматичен меч славеше на гости против Леганес со 0-1. Гостите поведоа со голот на Пате Сис во 78-та минута, но многу работи се случија длабоко во судиското продолжение.

Мигел де ла Фуенте е трагичарот на Леганес, со оглед дека дури двапати не успеа да реализира пенал. Во 97-та минута, голманот Батаља го одбрани неговиот шут, но потоа Валентин Розие ја испрати топката во мрежата.

Сепак, по интервенција на ВАР собата, голот не беше признат, а беше повторен пеналот за Леганес. Но, Мигел де ла Фуенте и во вториот обид не беше успешен од 11 метри. Батаља успеа да го одбрани и вториот пенал.

- Оглас -

Најнови вести