Навивачите ги чекаат Осимен и Ѓекереш, а Рубен Аморим сака да купи напаѓач од Штутгарт

Навивачите на Манчестер јунајтед се во очекување на некој голем трансфер и потпис на Виктор Осимен или Виктор Ѓекереш, но Рубен Аморим сака на „Олд Трафорд“ да го доведе напаѓачот на Штутгарт, Ел-Билал Туре.

Се работи за 23-годишен фудбалер роден во Брегот на слоновата коска, но настапува за репрезентацијата на Мали. Неговата вредност во моментов е 20 милиони евра, а оваа сезона за Штутгарт настапи на 13 натпревари со ефект од три гола и една асистенција.

Она што е интересно, тој е во сопственост на Аталанта, но игра како позајмен за Штутгарт. Клубот од Серија А го купи од Алмерија во 2023 година за 29.1 милиони евра, но минатото лето беше испратен на позајмица во Бундес лигата.

- Оглас -

Најнови вести