Вечните ривали се големи фаворити за победа, квотите најавуваат неизвесност на три средби (Фото)

Кошаркарските прволигаши денес и утре го играат 16-тото првенствено коло, а петте денешни меча се дел од понудата на Sport Life. Вечните ривали, Работнички и МЗТ Скопје се апсолутни фаворити во дуелите против градските ривали, Вардар и Чаир.

За клубот од Градски парк дури и нема квота за победа, со оглед на тоа дека го пречекуваат последниот на табелата, Вардар, единствената екипа која сезонава го нема почувствувано вкусот на победата, додека МЗТ Скопје има квота од 1.08 за победа над незгодниот Чаир.

Сепак, за останатите три натпревари, квотите велат дека се очекува голема неизвесност. Борбата за влез во плеј-офот е голема, па на сите три меча во мала предност се гостинските екипи. Куманово со квота од 1.76 патува кај Гостивар, Пелистер е мал фаворит со квота од 1.66 кај Кожув, додека квотата за Тиквеш е 1.76 на гостувањето кај Феникс.

- Оглас -

Најнови вести