Цела Европа зборува за потегот на Обрадовиќ: Застана пред навивачите и го спречи дивеењето (Видео)

Тренерот на Партизан, Жељко Обрадовиќ, уште еднаш покажа каква голема спортска фигура се работи, за што добива признание од цела Европа. Социјалните мрежи се преплавени со фотографии и видеа од инцидентот, кој беше спречен токму од него.

Резултатот на семафорот беше 71-71, а тогаш Стерлинг Браун го фаулираше Немања Недовиќ, па следуваа слободни фрлања за Црвена ѕвезда, кои на крајот значеа и победа. Во тие моменти започнаа да летаат разни предмети од трибините кон теренот, а Обрадовиќ лично се застана пред навивачите и буквално им нареди да не го прават тоа.

- Оглас -

Најнови вести