Добри вести за Ѓоковиќ, на терен се враќа уште во текот на месецов

Одлични вести за српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и неговите фанови, повредата на мускулот во бутот не е многу сериозна и Ноле за околу две недели ќе се врати на терените.

Ѓоковиќ заработи повреда во четвртфиналето на Австралија опен на мечот против Карлос Алкараз, а првичните прогнози не беа добри. Новак му го предаде полуфиналниот меч на Александар Зверев, а потоа објави ренгенска фотографија од кинењето на мускулот за да им покаже на навивачите кои го исвиркуваа по поразот во „Род Лејвер“ Арената дека болката што ја трпи е голема, и дека не може да ја санира повредата за два дена.

Ѓоковиќ се врати во Србија каде побарал помош од најдобрите стручњаци во оваа област. По терапии и прегледи на кои беше подложен во изминатите неколку дена, сите негови фанови можат да здивнат бидејќи нивниот миленик многу брзо ќе се најде на теренот.

Ѓоковиќ ја санирал повредата со секојдневна терапија и третмани и ќе го гледаме на за две недели, поточно на турнирот во Доха кој почнува на 17-ти февруари. Целосното закрепнување од вакви повреди обично трае од четири до осум недели, во зависност од тежината на повредата, но Новак е посебна приказна и во минатото закрепнуваше многу побрзо од очекуваното. Така е и овој пат.

- Оглас -

Најнови вести