Кејн постави бундеслигашки рекорд и тоа на необичен начин

Баерн Минхен го порази Холштајн Кил со 4-3 во натпревар од германската Бундеслига на кој Хари Кејн испиша историја.

Голгетерот на Баварците има дадено 54 голови на своите први 50 настапи во германскиот шампионат и тоа е рекорд во историјата, никој друг немал таков скор после 50 одиграни средби во Бундеслигата.

Интересно е дека Кејн првиот гол денеска го даде во 47-ма, а вториот во 46-та минута. Тоа е така затоа што први погоди во втората минута од судиското продолжение во првото полувреме, а потоа во првата минута од вториот дел.

Баерн после 90-та минута прими два гола, па наместо убедлива, извојува само минимална победа.

Со денешната победа, Баерн има 51 бод, девет повеќе од Баер Леверкузен кој има и еден меч помалку, утрешниот на домашен терен со Хофенхајм.

- Оглас -

Најнови вести