Актуелтниот шампион на Германија, Баер Леверкузен, после „киксот“ против Лајпциг (2-2), се врати на победите во Бундес лигата и лесно со 3-1 славеше против Хофенхајм. За „фармацевтите“ ова е петта победа по ред против денешниот противник, кој веќе им станува редовен „муштерија“.
Виктор Бонифаче, Џереми Фримпонг и Патрик Шик беа стрелци за Баер Леверкузен, додека почесниот погодок за гостите го постигна Орбан во 62-рата минута, откако една минута претходно беше исклучен Алехандро Грималдо.
Баер Леверкузен со оваа победа се врати на минус шест позади Баерн Минхен. И двете екипи имаат само по еден пораз оваа сезона, но „баварците“ имаат три нерешени, наспроти шестте на „фармацевтите“.