Манчестер сити е далеку од формата и резултатите кои ги имаа изминатите години, кога со леснотија ги освојуваа трофеите. Граѓаните доживеаја вистински дебакл на гостувањето кај Арсенал и загубија со 5-1, а дефанзивецот на Манчестер сити, Џон Стоунс, по мечот изјави дека тешко е да се прифатат вакви порази.
„Тешко е. Мислам дека никој од нас не ги прифаќа лесно поразите. Тешко ми е да најдам зборови по ваков натпревар. Жал ми е за навивачите кои минаа долг пат за да го гледаат натпреварот. Начинот на којшто игравме во последните 30 минути е неприфатлив. И лично и колективно, ова не бевме ние. Честитки за Арсенал“, рече Стоунс по поразот од Арсенал.