Арсенал со убедливи 5-1 го победи Манчестер сити и се врати на минус шест од лидерот во Премиер лигата, Ливерпул. После мечот, сосема очекувано, големо беше задоволството во таборот на „топчиите“, а тоа пред новинарите го пренесе шпанскиот стратег на клупата на Арсенал, Микел Артета.
„Ова беше страшно добар ден за нас. Посебно ако се знае против каков противник игравме, но и резултатот кој го постигнавме. Тоа го прави овој ден посебен. Тие се многу добра екипа. Ве принудуваат да се браните длабоко на својата половина и да се најдете во ситуација во која дефинитивно не сакате да бидете. Понекогаш ви треба и малку среќа, но и да бидете исклучително ефикасни. Бевме храбри и на крајот тоа ни се исплатеше. Ми се допаѓа што екипата покажа карактер.“ – рече Микел Артета после големата победа над Манчестер сити.