Мурињо го удри својот преведувач на прес-конференција (Видео)

На прес-конференцијата на Жозе Мурињо по победата на неговиот Фенербахче над Ризеспор од 3-2 во натпревар од турската лига имаше смешна ситуација, која стана хит на социјалните мрежи.

Причината беше погрешен превод, по што Португалецот на шега го удри преведувачот.

Мурињо на англиски рече: „Влегувам во зона на самракот“, а преведувачот го помеша зборот „самрак“ (на англиски твајлајт) со „тоалет“ (тојлет).

Тренерот веднаш ја улови грешката и го поправи преведувачот, кој прво праша „Рековте тоалет зона?“

„Не тоалет, човеку! „Самрак“, се насмеа Мурињо и го потчукна преведувачот.

- Оглас -

Најнови вести