Кејн: Убаво би било да ги замолкнам оние што постојано велат дека немам освоено трофеј

Баерн Минхен е на добар пат сезонава да ја освои шампионската титула во Бундеслигата, а ако успее, тоа би било прв трофеј во кариерата на Хари Кејн, кој со свои голови би имал голема заслуга.

Напаѓачот на Баерн и на репрезентацијата на Англија проговори за неговите критичари кои често се повикуваат на неговото „проклетство“. Кејн има 32 години, дал многу голови во кариерата, но уште нема освоено ниту еден трофеј во кариерата.

„Има многу луѓе кои во текот на мојата кариера зборуваа само за фактот дека не сум освоил ниту еден трофеј. Би било убаво да ги замолчам“, изјави Кејн, кој сезонава на 27 натпревари во сите натпреварувања има 26 гола и 10 асистенции.

- Оглас -

Најнови вести