Актуелниот англиски шампион Манчестер сити сѐ уште не заврши за трансферите оваа зима со оглед дека во раните утрински часови влезе во преговори со Порто за ангажман на играчот од средниот ред, Нико Гонзалес.
Граѓаните се обидуваат да договорат пониска цена од отштетната клаузула во договорот на поранешниот фудбалер на Барселона, која изнесува околу 50 милиони фунти. И на крајот, ја плати клаузулата, па трансферот ќе биде реализиран.
Порто го доведе Гонзалес од Барселона во 2023 година, а оттогаш тој има 68 настапи за Змејовите. Во декември беше избран за најдобар играч од средниот ред во португалската лига.
Според „Марка“, Манчестер сити паралелно работи и на друг трансфер за игра од средниот ред, Сержи Алтимира од Бетис. Шпанскиот медиум тврди дека Граѓаните се подготвени да потрошат вкупно 70 милиони фунти за двајцата фудбалери.
Досега Манчестер сити потроши 130 милиони фунти за трите засилувања во јануарскиот преоден рок, Абдукодир Хусанов, Витор Реис и Омар Мармуш.