Нојер потпиша нов договор со Баерн Минхен

Легендарниот голман на Баерн Минхен, Мануел Нојер, официјално го продолжи договорот со клубот до летото 2026 година. Триесет и осумгодишниот чувар на мрежата имаше договор до ова лето, но реши да остане уште една сезона.

„Навистина уживам во фудбалот и сакам да продолжам да бидам дел од Баерн. Сè уште имам голема мотивација и со нетрпение очекувам уште една година во овој специјален клуб. Секогаш имавме добри разговори, што ми дава убаво чувство. Се чувствувам одлично и пред нас има уште многу заеднички цели“, изјави Нојер.

Германскиот репрезентативец пристигна во Баерн во 2011 година од Шалке 04 и досега има одиграно 547 натпревари за баварскиот гигант.

- Оглас -

Најнови вести