Гвардиола и Сити ги чека „пекол“: ќе играат два пати со Реал, а по еднаш со Ливерпул, Њукасл, Тотенхем…

Манчестер сити за прв пат во последните 17 години прими пет или повеќе голови на гостување во меч од Премиер лигата, откако со 5:1 загуби во дербито од Арсенал. Со овој пораз само се потврдува дека англискиот првак ја има најлошата сезона во последните десетина години.

Тренерот на Граѓаните, Пеп Гвардиола е на голема мака, затоа што дуелот против Арсенал беше само старт на еден пеколен месец што следува за нив. Манчестер сити ќе одигра уште шест натпревари во февруари и сите ќе бидат голем предизвик.

Најлесниот меч им е следниот и тоа на 8 февруари против Лејтон Ориент на гости во Купот, а пото седува пеколно темпо. На 11 февруари Сити на свој терен ќе го пречека Реал Мадрид во плејофот во Лигата на шампиони, а потоа на 15-ти е дуел против Њукасл.

На 18 февруари е реваншот против Реал Мадрид, дуел по кој еден гигант ќе биде елиминиран од Лигата на шампиони. По реваншот со Кралскиот клуб, следуваат два тешки предизвици во Премиер лигата. На 23 февруари Сити дома ќе го пречека Ливерпул, а февруари ќе им заврши со гостување во Лондон на 26-ти кај Тотенхем.

Сити заостанува дури 15 бодови помалку зад лидерот Ливерпул е речиси без шанси да се бори за одбрана на титулата во Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести