Ѕвездата на ПСЖ е незадржлива во 2025 година, даде 11 гола на шест меча

Французинот Усман Дембеле на фантастичен начин ја започна 2025 година. Офанзивниот играч на Пари Сен Жермен во првите 33 дена од Новата година е незадржлив за противниците.

Шампионот на Франција одигра шест натпревари, а Дембепе е вистински предводник на теренот и постигна вкупно 11 погодоци. Ниту еден друг фудбалер во светот нема дадено двоцифрен број на голови во официјални средби во 2025 година.

Дембеле зад себе ги остави и големите ѕвезди на Интер, Лаутаро Мартинез и Килијан Мбапе од Реал Мадрид, кои по осум пати ги тресеа мрежите на противниците во 2025 година. Мартинез со Интер одигра девет натпревари, а Мбапе со Реал беше на теренот на 10 средби за да ги даде овие осум погодоци.

Во Топ 5 на оваа листа на најдобри стрелци во 2025 година се и Роберт Левандовски со седум погодоци во девет средби, а со ист биланс се и Родриго од Реал Мадрид.

 

- Оглас -

Најнови вести