Египетскиот напаѓач Мидо своевремено ги бранеше боите на Тотенхем и Мидлсбро, а откако стави крај на фудбалската кариера, максимално се посвети на релаксиран живот. Толку многу се релаксираше, што се заборави од јадење и си дозволи да има „пивски“ стомак, по што следуваа шеги на негова сметка за прекумерната тежина.
Сепак, Мидо се одлучи да го смени изгледот, пред сé за здравјето, почна да вежба и трудот се исплатеше. Мидо веќе не е „буцко“, се пофали со новиот изглед на социјалните мрежи.