Дончиќ пред неколку дена за 15 милиони долари купил куќа во Далас

Лука Дончиќ воопшто не знаел дека ќе биде трампан во Лос Анџелес лејкерс, а тоа го потврдува и фактот дека Словенецот пред само неколку дена се решил за голема инвестиција. Дека Дончиќ бил среќен во Далас и дека воопшто не планирал да си замине од клубот потврдува и фактот дека пред само неколку дена Словенецот решил да си купи нова куќа во Далас.

Ова го открива некогашниот играч на Далас, Чандлер Парсонс, кој гостуваше на една ТВ емисија во САД. Парсонс вели дека Дончиќ пред само неколку денови купил куќа во Далас, за која исплатил 15 милиони долари.

Дончиќ е еден од најдобрите кошаркари во НБА лигата, а фактот дека има само 25 години беше дополнителен шок за сите, бидејќи се очекува токму Лука да биде главен на терените во најсилната лига и во следните неколку години.

Парсонс вели дека Дончиќ дури и плачел откако слушнал за одлуката да биде трампан и дека мора да замине во Лос Анџелес лејкерс. Дончиќ беше подготвен за нов договор со Далас кој требаше да го потпише на крајот од оваа сезона, а се работеше за петгодишна соработка вредна дури 345 милиони долари. Сега сето тоа оди во заборав.

За седум години поминати во Далас, Дончиќ има просек од 28,6 поени, 8,7 скока и 8,3 асистенции по меч.

- Оглас -

Најнови вести