„Нејмар-манија“ во Сантос: Билетите се распродадени, клубот сега има 50% повеќе членови

Вистинска „Нејмар-манија“ се случува во Сантос во очекување на дебито на бразилската ѕвезда за својот матичен клуб. Се очекува Нејмар утре да го има својот прв натпревар, против Ботафого на домашен терен, а билетите за овој меч се распродадени во рекордно време. Стадионот на Сантос собира само 16.000 гледачи, па бразилските медиуми пренесуваат дека се водело вистинска битка за да се дојде до билет за мечот.

Сантос објави дека првпат во својата историја има над 70.000 членови, а бројката пред да дојде Нејмар беше 48.000, што би значело дека над 22.000 луѓе се зачлениле во последните неколку дена.

„Експлозија“ имаше и на социјалните мрежи, па сега Сантос на „Инстаграм“ го следат 6,5 милиони луѓе, а пред да дојде Нејмар, таа бројка беше 3,5 милиони.

- Оглас -

Најнови вести