Дончиќ: „Бев во шок, проверував дали е први април“

Кошаркарскиот свет остана шокиран од одлуката на Далас маверикс да го трејдува Лука Дончиќ во ЛА Лејкерс. Шпекулациите се дека причина за тоа е прекумерната тежина, но словенецот вели дека не верува во тоа.

„Тоа ми е мотив. Знам дека тоа не е вистина, но тоа ќе ме мотивира. Беше тоа голем шок. Тешки моменти за мене. Морав да проверам дали е први април. Сега добив можност да бидам дел од најголемиот клуб во светот и возбуден сум поради ова ново патувае.“ – вели Дончиќ.

Во спротивен правец, од ЛА Лејкерс во Далас се пресели Ентони Дејвис.

- Оглас -

Најнови вести