Sвезда граби кон евролигашкиот плеј-оф, после голема драма го победи Асвел во Белград

Црвена ѕвезда со нова победа на домашен терен продолжува да ја зацврстува својата позиција за плеј-офот во Евролигата. Пред „црвено-белите“ во Белград падна и француски Асвел Лион со 73-66. За евролигашот од Белград ова е 15-та победа оваа сезона со која само ја продолжи борбата за влез во топ-6 екипи и директно учество во четвртфиналето.

Гостите од Франција имаа подобро отворање на мечот и водеа речиси во целата прва четвртина, со исклучок на финишот, кога Црвена ѕвезда направи пресврт и го доби првиот период со 19-18. Во продолжение од мечот се беше полесно за „црвено-белите“, кои дојдоа и до убедливи +14, но гостите во самиот финиш од натпреварот успеаја да ја намалат оваа предност и да внесат неизвесност во мечот.

Сепак, во пенал-завршницата домашните беа поуспешни и ја сочуваа предноста која долго ја градеа. Кошаркарите на Асвел успеаја да ја добијат само последната четвртина и тоа со 17-18.

- Оглас -

Најнови вести