Штутгарт прв се чекираше во полуфиналето на германскиот Куп (Видео)

Фудбалерите на Штутгарт се првите полуфиналисти во германскиот Куп, откако со минимални 1-0 го совладаа Аугсбург на домашен терен. Единствениот гол на мечот беше дело на Дениз Ундав во 30-тата минута.

Штутгарт ќе игра во полуфиналето првпат после 2023 година, а за трофејот од германскиот Куп чекаат уште од 1997 година.

Останатите три двојки за четвртфиналето на Купот на Германија се: Лајпциг – Волфсбург, Арминија Билефелд – Вердер Бремен и Баер Леверкузен – Келн.

- Оглас -

Најнови вести