Фудбалерите на Болоња се првите полуфиналисти на Купот на Италија, откако со минимални 0-1 изненадувачки ја победија Аталанта на гостински терен. За Болоња ова ќе биде прво полуфинале во Купот после 1999 година, додека последниот трофеј во ова натпреварување го освоија во далечната 1974 година.
Единствениот гол на мечот беше дело на аргентинецот Сантијаго Кастро, кој одлично се снајде во 80-тата минута и со глава погоди после слободниот удар на Харампиос Ликојанис.
Останатите двојки од италијанскиот Куп се: Јувентус – Емполи, Милан – Рома и Лацио – Интер.