Екипата на Лил беше една од сензациите во Лигата на шампионите и успеа да дојде до седмата позиција и директен пласман во осминафиналето. Сепак, Купот на Франција е едно од натпреварување каде се случуваат најлудите изненадувања, а токму тоа им се случи и на фудбалерите на Лил.
Тие преку Гомес во 85-тата минута дојдоа во водство против второлигашот Данкерк во Купот на Франција, но гостите израмнија во 96-тата преку Тејан. Уште поголемо чудо се случи на пеналите, кога фаворитот имаше водство од 3-0, но на крајот успеа да загуби со 4-5.
За разлика од Лил, фудбалерите на ПСЖ одработија рутински против третолигашот Ле Ман и победија со 0-2 на гостински терен. Пласманот во четвртфиналето на „светците“ им го донесоа головите на Десир Дуе во 25-тата минута и Бредли Баркола во 71-вата минута.