Атлетико Мадрид е првиот полуфиналист на шпанскиот Куп, откако на домашен терен буквално го растури Хетафе со 5-0. Победникот и патникот во следната рунда беше решен уште во првото полувреме, после кое „јорганџиите“ имаа убедливи 3-0.
Симеоне двапати и по еднаш Лино, Кореа и Сорлот беа стрелци за Атлетико Мадрид, кој нема пораз од Хетафе уште од 2011 година, односно 29 натпревари по ред.