1092 Њукасл – Арсенал (21 ч.)
Њукасл е на добар пат да се пласира во финалето на Лига купот. Во првиот меч на гостувањето во Лондон, Њукасл славеше со 2:0 и сега пред своите навивачи треба да ја сочува оваа предност.
И традицијата е на страна на Њукасл, кој има четири победи, едно реми и само два порази во последните седум меча со Топчиите. Арсенал нема што да калкулира и да чека, а лондонскиот тим има квалитетни играчи, па може да се очекува од првата минута да тргне во офанзива, што би било најава за ефикасен дуел.
Предлог тип: ГГ3+ (2.04)
3032 Милан – Рома (21 ч.)
Дуел кој треба да го даде патникот во полуфиналето на италијанскиот куп. Росонерите се оптимисти дека може да стигнат уште до еден трофеј сезонава, по тој во Суперкупот.
Изгледа по малку неверојатно, но на 14 од последните 16 дуели на овие два клуба било со гол-гол ситуација, односно се треселе мрежите на двата тима. Во најголем дел од тие средби, имало и по 3+ погодоци.
Предлог тип: 1-2 I & 1-2 II (2.75)
2839 Баер Леверкузен – Келн (20:45 ч.)
Баер Леверкузен е актуелен бранител на тронот во Купот на Германија и сигурно е голем фаворит за место во полуфиналето. Келн е тим кој минатата сезона испадна од Бундеслигата, но сега е лидер во Цвајте, што значи дека целта е експресно да се врати во елитното друштво.
Сепак, квалитетот, но и домашниот терен треба да се на страната на Фармацевтите, кои треба уште во првото полувреме да ги решат дилемите околу победникот.
Предлог тип: 1-1&3+ (2.13)
2840 ПСВ Ајндховен – Феенорд (18:45 ч.)
Холандско дерби кое треба да го даде патникот во полуфиналето на Купот. Делува неверојатно, но ПСВ на последните седум средби игра со ГГ4+, а дури петпати имало пет или повеќе погодоци. И Феенорд игра без многу калкулации и главна цел е да се постигне гол повеќе од ривалот.
Од оваа сезона ќе се памети нивниот дуел од Суперкупот, кога беше 4:4 по 90 минути игра, а потоа Феенорд победи на пенали.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.73)
1671 Генк – Бриж (20:45 ч.)
Бриж победи со 2:1 во првиот меч од полуфиналето, што значи дека треба да се очекува неизвесен реванш. Генк е во одлична форма и има пет победи во последните шест меча, додека Бриж нема триумф во последните четири средби што ги одигра.
Предлог тип: 2-3 гола (2.02)