Араухо ја објасни одлуката да остане во Барселона: „Тука ме ценат, сакаме да ги освоиме сите три трофеи“

Роналд Араухо беше на излезна врата од Барселона, но во последен момент се случи пресврт и тој потпиша нов договор со Каталонците, иако медиумите веќе го преселија во Јувентус. Уругваецот ја објасни својата одлука да остане во Каталонија и најави дека Барселона тргнува по трите трофеи оваа сезона, од Лигата на шампионите, Ла Лига и Купот на кралот.

„Сега навистина чувствувам дека тука ме ценат. Отсекогаш бев јасен за она што го сакам и затоа бев мирен. Меѓутоа, преговаравме за нов договор и не знаев што ќе се случи на крајот. Среќен сум што ќе останам тука уште многу години. Ни претстои најтешкиот дел од сезоната и немаме право на грешка. Има уште многу натпревари во првенството, а ние ги сакаме сите три трофеи“, вели Араухо.

Уругваецот беше запрашан и кој исход го посакува од саботното градско дерби помеѓу Реал и Атлетико, а неговиот одговор сигурно нема да им се допадне ниту на Кралевите, ниту на Јорганџиите.

„Ако е можно – нека загубат и двете екипи“, кусо одговори Араухо.

Барселона во пресрет на дуелот помеѓу Реал и Атлетико има заостанување од четири бода зад Кралевите и три зад Јорганџиите.

- Оглас -

Најнови вести