Сите се чудеа што значат: Неочекувани симболи се појавија на теренот на кој гостуваше ПСЖ

Почетокот на осминафиналниот дуел меѓу Ле Ман и Пари Сен Жермен предизвика посебно внимание, и тоа поради двете стрелки кои беа нацртани на средината од игралиштето. Двете стрелки беа видливи пред почетокот на дуелот, а речиси никој не знаеше што значат тие.

Подоцна беше објаснето кое е значењето на тие симболи. Се работи за еколошка иницијатива за која поддршка даде и Француската фудбалска федерација (ФФФ).

„На мечот меѓу Ле Ман – ПСЖ постоеше соработка со агенцијата „Енерџиду фут“ и започна иницијативата #DemainFootballClub со цел да се дизајнира централен круг со две стрелки. Целта е да се вклучи францускиот фудбал во енергетската транзиција преку мотивирање на едноставни еколошки акции“, објасни фудбалскиот инфлуенсер Вински.

- Оглас -

Најнови вести