О’Нил за „дебелиот“ Дончиќ: И таков е подобар од 99,9 отсто од бековите во НБА

Лука Дончиќ уште е главна тема во НБА-лигата. По седум години поминати во Далас маверикс, Дончиќ беше разменет во Лос Анџелес лејкерс, потег што многумина го сметаат како најшокантен во последните триесетина години во НБА.

Далас кога реши да се откаже од Дончиќ, како една од главните причини ја наведе неговата дебелина, потенцирајќи дека Словенецот има 122 килограми. Многумина сметаат дека оваа причина на Далас е бесмислена затоа што Дончиќ и претходно имал вишок килограми, но бил незадржлив. Свое мислење даде и легендарниот центар Шекил О’Нил, кој застана во одбрана на Дончиќ.

„Дебелиот Лука Дончиќ е подобар од 99,9 отсто од бековите кои играат во НБА-лигата“, кратко и јасно потенираше О’Нил.

Интересно е дека самиот О’Нил во текот на неговата кариера постојано беше критикуван за зголемената тежина бидејќи на висина од 216 сантиметри неговата тежина варираше и дојде до речиси 200 килограми. Кога играше О’Нил, во текот на летниот период воопшто не тренирал затоа што сакал да биде со семејството, а потоа само во претсезонскиот термин ја средувал формата.

„Кога првпат ја освоивме титулата, имав 155 килограми, а потоа поминав одлично лето и се вратив во тимот со 175 килограми. Потоа ја освоивме и втората титула. Кога ја освоивме последната титула, имав 188 килограми“, објасни Шекил О’Нил за успесите од 2000, 2001 и 2002 година.

- Оглас -

Најнови вести