Доминацијата на Кевин де Бројне во прогласувањето за најдбар фудбалер во Белгија заврши. Фудбалерот на Манчестер сити заврши на втората позиција со 438 поени, а пред него до титулата дојде Шарл де Кетелар од Аталанта со 516 поени. Третово место му припадна на Опенда од Лајпциг со 237 поени.
Прогласувањето на Де Кетелар за најдобар фудбалер во Белгија беше вистинско изненадување, но фудбалерот блескаше во дресот на Аталанта и успеа да го освои трофејот од Лигата на Европа, а екипата од Бергамо оваа сезона игра одлично и во Лигата на шампионите.
Аталанта минатата сезона заврши на четвртата позиција во Серија А, додека оваа сезона се трети и се единствени кои го бркаат двоецот Наполи и Интер во битката за врвот и трофејот во Италија.