Сè за љубов: Дуран ќе лета секој ден по 500 километри само за да живее со девојката

Џон Дуран направи трансфер од Астон вила во Ал-Наср од Саудиска Арабија за 77 милиони евра. Сепак, колумбискиот фудбалер одлучи дека нема да живее во Ријад, ниту воопшто каде било во Саудиска Арабија, туку во соседниот Бахреин.

Причината за ваквата одлука е неговата девојка, а целта е да бидат заедно бидејќи строгите закони во Саудиска Арабија забрануваат маж и жена да живеат заедно ако не се во брак.

Дуран сега ќе мора секој ден да патува по 500 километри со авион за на тренинг и да се враќа назад во Бахреин кај својата девојка.

- Оглас -

Најнови вести