Вардар со победа ги заврши подготовките во Анталија

Фудбалерите на Вардар забележаа победа на последниот меч на подготовките во Анталија. „Црвено-црните“ со 3-1 беа подобри од втората екипа на Рапид Виена. Головите за Вардар беа дело на Немања Босанчиќ во 40-тата, Мато Касим во 55-тата и Михаил Талески во 70-тата минута.

Вардарци на во Анталија одиграа шест контролни натпревари со ефект од една победа, три нерешени и два порази, со по шест дадени и примени голови.

Првата лига продолжува на 16-ти февруари, а Вардар во сабота се враќа во Скопје, каде ќе го продолжи подготовките за првиот меч против против тетовска Шкендија на домашен терен.

- Оглас -

Најнови вести